Речиси три пати пониско од просекот за јуни е нивото на Вардар кај Јегуновце, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Под просекот, со скоро двојно преполовени вредности, се Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка, Лепенец кај Скопје, Црна кај Новаци, Струмица кај Ново Село и Сатеска кај Ботун.

Зголемување и тоа двојно бележи единствено Бабуна кај Богомила.

Промени во водостоите на езерата нема, вредностите се речиси исти како минатата недела.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2020 14:18