Фудбалската федерација на Јапонија ја повлече кандидатурата за организација на женскиот фудбалски Мундијал во 2023 година.

Одлуката е под влијание на ситуацијата со пандемијата на коронавирус. Според првичниот план, натпреварите во Јапонија требаше да се одржат во неколку големи градови, вклучувајќи ги Токио, Осака и Кјото.

ФИФА ќе го избере местото за женско СП 2023 година на 25 јуни.

Во игра за домаќин на планетарниот собир останаа Колумбија и Австралија со Нов Зеланд кои поднесоа и заедничка апликација.

Турнирот во 2023 година ќе биде првиот на кој ќе учествуваат 32 женски репрезентации.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2020 16:23