Владата даде согласност на измените на Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство, со кои се олеснуваат условите и се намалува надоместокот за упис во регистарот на производители на вино за физички лица и мали винарски визби.

На вчерашната 71-ва седница Владата ја намали висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство од 10.000 денари на 1.500 денари за винарски визби со капацитет на преработка и чување на вино до 30.000 литри годишно и 5.000 денари за винарски визби со капацитет на преработка и чување на вино над 30.000 литри.

Ова намалување на надоместокот, како што соопшти владината прес-служба, нема да ги намали приходите во буџетот на Државниот инспекторат за земјоделство, туку напротив, ќе ги зголеми заради интересот на околу 100 физички лица и мали винарии да се регистрираат во регистарот на производители на вино.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2020 12:42