Пилотот на Мекларен, Ландо Норис раскажа какви проблеми очекува претстојната сезона во Формула 1.

– Според мое мислење, ќе биде најтешко да се навикнеме на новиот календар, затоа што сега сè ќе биде поинаку. Ќе имаме периоди со три трки за три недели, потоа неделна пауза, а потоа повторно три недели трки. Прекрасно е, секако, да се тркаме скоро без паузи, но од друга страна, нема да имаме скоро време да се вратиме во базата, да работиме на симулаторот и сл. Сè ќе биде сосема поинаку, но ќе биде неопходно да се одржи претходната концентрација, изјави Норис.

Сезоната 2020 година во Формула 1 започнува со трка во Австрија на 5 јули.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2020 01:32