Винарии да не манипулираат со откупни цени и плаќање за грозјето од годинашнава реколта, апелираат од „Напредни лозари”. На состанок на Управниот одбор што се одржа синоќа, регионалното Здружение донесе неколку заклучоци.
-Бараме да се утврди задолжителна минимална заштитена цена за килограм грозје. Ако винарии повторно манипулираат со нас како и претходните години, да се организираат средби со амбасадори во нашата земја, со кои би се разговарало околу можноста за извоз на нашето грозје, истакнаа присутните на состанокот.
Тие нагласија дека, доколку повторно се појават манипулации околу цените и начинот на плаќање, не се исклучени и порадикални мерки, па и штрајк.