Со цел да им се помогне на корисниците полесно и побрзо да дојдат до информација за најповолните банкараски производи на дневна основа, овие денови започна со работа новата иновативна финансиска платформа Паричник.мк.

– Станува збор за независна финансиска платформа со единствен концепт и иновативен пристап која ефективно ги спојува финансиските институции и корисниците нудејќи ги очекуваните финансиски информации на дневна основа, наведоа основачите на платформата.

Тие истакнаа дека веќе нема потреба да се оди во банка, или пак да се посетуваат интернет порталите на одделните банки, напротив, како што појаснија, сега со посета на финансиска платформа Паричник.мк со еден клик се добиваат сите информации, кои носат заштеда на време но и средства за корисниците.

– Платформата нуди ажурирани, прецизни информации кои помагаат во процесот на професионални одлуки, истакнаа основачите на платформата.

Посочија дека Паричник.мк претставува дигитален еко-систем на кој секојдневно се одвива понудата и побарувачка на сите банкарски и финансиски производи, помагајќи да се донесе најдобрата финансиска одлука во склад со своите потреби и можности.

– Платформата Паричник.мк е независен специјализиран онлајн портал кој соработува со сите интересни групи, со цел креирање на позитивна клима за развивање на квалитетни односи и интерактивни комуникации помеѓу финансиските институции и нивните традиционални / потенцијални клиенти, заклучија основачите.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2020 12:14