Њукасл ги продолжи договорите на двајца фудбалери, објавија од англискиот фудбалски клуб.

Дефанзивецот Хавиер Манкиљо ќе остане во тимот уште четири години, а напаѓачот Енди Керол уште една сезона. Дваесети шест-годишниот шпански дефанзивец има одиграно 15 натпревари за Њукасл оваа сезона, а 31-годишниот Керол има 3 асистенции на 14 натпревари.

Роб Елиот, Џејми Стери и Џек Колбек пак, ќе заминат, откако истекуваат нивните договори.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2020 01:18