Прометот од продажбата на услугите во првото тримесечjе од 2020 година е за 0,2 отсто повисок отколку во првите три месеци лани.

Според Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од оваа година, најголем пораст на прометот во услугите во однос на првото тримесечје од 2019-та има во дејноста Заштитни и истражни дејности за 9,8 проценти.

Најголемо намалување е забележано во филмската дејност, продукција на видео и телевизиска програма, како и дејности на снимање звучни записи и музичко издаваштво за 32,3 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2020 13:05