Европската ракометна федерација реши да го откаже завршниот „Фајнал фор“ турнир од женската Лигата на шампионите за сезоната 2019/20, а со тоа и четвртфиналните мечеви.
Главната причина за ваквата одлука на ЕХФ е стравот за здравјето на ракометарките и тренерскиот персонал на екипите во екот на пандемијата на коронавирус.
Ф4 турнирот требаше да се одржи во Будимпешта од 3 до 6 септември.
Одлуката за предвремено ставање крај на Лигата на шампионите оваа сезона, нема да влијае на стартот на следната сезона. Првото коло од групната фаза од новата сезона е закажано за 12-13 септември. Ждрепката ќе се одржи на 1 јули.