Премиерлигашот Тотенхем му понуди договор на Маурицио Покетино, син на поранешниот тренер на „Спарс“, кој исто го носи името Маурисио Покетино, пренесува „Скај Спорт“.
Деветнаесетгодишниот Покетино јуниор дојде во Тотенхем летото 2017 година од Саутемптон, кој исто така беше предводен од неговиот татко.
Во јули минатата година, напаѓачот потпиша едногодишен договор со англискиот клуб од Лондон.
Управата на клубот е задоволна од настапите на играчот за младинската екипа и сака да го задржи, и покрај тоа што неговиот татко веќе го напушти клубот.