Фудбалерот од средниот ред на Рома, Хавиер Пасторе е близу до промена на клубот, објави италијанскиот новинар Николо Скира.

Според него, два клуба од американската МЛС се заинтересирани за 31-годишниот Аргентинец. Станува збор за Интер Мајами и Лос Анџелес галакси.

За потсетување, Пасторе веќе одби две профитабилни понуди од Кина. Рома за фудбалерот бара 10 милиони евра.

Во сезоната 2019/20, Пасторе настапи на 14 натпревари за „римската волчица“.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2020 01:15