Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел може да ја продолжи кариерата на Рејсинг Поинт, кој ќе биде фабрички тим на Астон Мартин следната година, пренесува „Марка“.

Фетел преговара за повеќегодишен договор со Рејсинг Поинт. Германскиот возач може да го замени во тимот Ленс Строл, кој ќе замине во Мерцедес.

Оваа сезона ќе биде последна за Фетел во Ферари. Италијанскиот тим објави дека нема да го обнови договорот со германскиот тркач за 2021 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2020 23:50