Женската тениска асоцијација има намера да одржи турнир во Прага од 10 до 15 август на земјени терени, пренесува „sport.ceskatelevize“.
Турнирот првично беше закажан за крајот на април, но беше одложен поради пандемијата на коронавирус. Наградниот фонд на натпреварувањето во чешката престолнина ќе биде 225 илјади долари.
Претходно, ВТА го најави продолжувањето на сезоната од 3 август.