Над 100.000 домашни платежни картички во вредност од девет милиони евра се издадени на граѓаните, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил.

Таа додава дека матичните броеви од граѓаните кои поднеле приговори се испратени до институциите што извршуваат проверка дали истите ги исполнуваат условите поставени во Уредбата.

-По извршените проверки ќе информираме за граѓаните чии приговори се прифатени и истите ќе бидат додадени на листата на граѓани на кои им следи поддршка и соодветно распределени во банките издавачи, наведува министерката.

Банките,како што стои во објавата, забрзано работат на печатење и издавање на #ДомашнаПлатежнаКартичка. До сега се персонализирани и испечатени над 250.000 картички. До крајот на неделава ќе се испечатат сите картички предвидени со иницијалната листа. Од следната недела, се очекува да се печатат картичките по уважените приговори.

-Сите кои ги исполнуваат поставените критериуми во уредбата ќе ја добијат финансиската поддршка преку домашната платежна картичка, напиша Ангеловска на ФБ.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2020 12:31