Додека целиот свет работи на пронаоѓање вакцина против коронавирусот, едно истражување покажа дека половина од анкетираните Италијанци не би се вакцинирале доколку ваквата вакцина била достапна.

Истражувањето на примерок од 1.000 луѓе е спроведено на универзитетот „Католика“ во Кремона, а резултатите го објави дневниот весник посветен на здравствениот персонал на Котидиано ди Санита.

Според истражувањето, оние што би прифатиле да се вакцинираат се постари лица, пензионери, млади и студенти, додека членовите на средната генерација, вработените, претприемачите и работниците се скептични во врска со вакцинирањето.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2020 15:12