Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави денеска дека САД не можат со сигурност да сметаат на ефекасна вакцина против Ковид-19, предупредувајќи дека дневниот број на заразени лица би можел да се удвои доколку граѓаните не се придржуваат кон мерките за заштита.

Фаучи пред американскиот Конгрес изјави дека експертите кои се занимаваат со развој на вакцината се „умерено оптимистични“ кога станува збор за нејзината ефикасност.

– Од големо значење е да имаме безбедна и ефикасна вакцина што ќе им биде достапна на сите во оваа земја, истакна Фаучи.

Тој додаде дека е загрижен поради зголемениот број случаи на заразени со коронавирус во повеќе од половина од сојузните држави на САД, вклучувајќи ги Аризона, Флорида и Тексас.

Фаучи рече дека постои загрижувачки феномен, според кој државите или целосно ги спроведуваат строгите епидемиолошки мерки или се отворија прерано, а луѓето се собраат во барови и јавни места, игнорирајќи ги препораките.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2020 23:24