Илјадници здравствени работници вработени во болниците денеска протестираат поради планот на Владата за реформа на системот на јавното здравство, но бараат и повисоки плати, подобри услови за работа и подобро организирање на здравствените услуги во градовите и руралните области на Франција.

Во исто време, тие рекоа дека ветувањето на министерот за здравство дека ќе инвестира 300 милијарди евра во здравствениот систем е „далеку од некаков знак“, пренесува порталот Локал Франс.

На протестите им претходеа повеќенеделни разговори меѓу претставниците на владата и синдикатите, кои пропаднаа, што ги натера синдикатите да се одлучат за протест, втор во последните две недели.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2020 23:29