Спасувачките екипи кои трагаат по бродот со мигранти што се преврте во езеро во источна Турција, денеска пронајдоа пет тела, соопштија официјалните лица.

Мисијата за пребарување и спасување, во која учествуваа хеликоптери и чамци, беше лансирана откако бродот што превезувал мигранти исчезна на 27 јуни во езерото Ван.

Телата на пет лица за кои се верува дека се мигранти беа извлечени денеска од езерото, се вели во соопштението, додавајќи дека продолжува потрагата по други исчезнати мигранти.

Локалните медиуми објавија дека е можно дури 50 луѓе да биле на бродот кој се преврте за време на бура. Се верува дека мигрантите се од Пакистан, Авганистан и Иран.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2020 00:29