ДомашнаПлатежнаКартичка е инјекција од 28 милиони евра за домашното стопанство. Покрај поддршката кон граѓаните, оваа мерка ќе дејствува како катализатор на економската активност и ќе придонесе за намалување на ударот од COVID-19 кризата, напиша министерката за финансии Нина Ангеловка на својот фејсбук профил.

-Картичката од една страна ја стимулира приватната потрошувачка, која учествува со 65 отсто во БДП. Од друга страна, сите средства се насочени кон производи и услуги, со што се поддржува домашниот производствен и услужен сектор, стои во објавата.

Додава дека според сценаријата кои ги направивме во Министерство за финансии, домашната платежна картичка ќе го подобри економскиот резултат на земјава во третото тримесечје за 0,7 – 0,9 процентни поени.

-Вакви мерки користат и многу други земји за стимулирање на домашните економии во време на COVID-19 кризата, како Австрија, Словенија, Кина, Америка …,наведува министерата.

За побрзо надминување на кризата и подобри економски резултати, порачува, можеме да придонесеме сите – со тоа што ќе одбираме македонски пред останатите производи #КупувамДомашно.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2020 10:33