Ватиканската полиција вчера изврши претрес во одделението задолжено за одржување и реставрација на Базиликата Свети Петар, и заплени документи и компјутери со цел да истражи евентуална корупција.

Канцеларијата на Ватикан за односи со јавноста соопшти дека се запленети материјали од техничкото и административното одделение на конзерваторскиот институт „Фабрика ди Сан Пиетро“, кој постои од 15 век, од времето пред да почне изградбата на Базиликата.

Одделенето во кое е извршен претресот ја надгледуваше реставрацијата на куполата на Базиликата Свети Петар.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2020 10:50