Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски по денешната ждрпка во Лигата на шампионите изјави дека „црвено-црните“ се нашле во тешка група, каде нема лесен ривал.

– Добивме исклучитечно тешка група каде нема лесен противал. Секој може секого да победи. Можеби ПСЖ е некој фаворит, но сите други се со исти шанси. Нема лесен меч, ќе одиме чекор по чекор. За нас првиот планот е пласман во Топ-8 екипи. Ќе се потрудиме да го остварим етоа. Не сме екипа што ќе потцениме некого ниту пак ќе прецениме. Сега ќе следува анализа. Треба да се работи. Треба да го видиме планот кога почнуваме и со кого. Не се плашиме, вели Алушоски.

„Црвено-црните“ се во група со ПСЖ (Франција), Пик Сегед (Унгарија), Порто (Португалија), Киелце (Полска), Брест Мешков (Белорусија), Фленсбург (Германија) и Елверум (Норвешка).

Групната фаза започнува на 16/17 септември, додека ќе заврши на 3/4 март.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2020 23:47