Жан Кастекс е назначен за наследник на Едуар Филип на позицијата претседател на француската Влада од страна на претседателот Емануел Макрон .Едуар Филип по убедливата победа на општинските избори во Ле Хавр, каде во недела и формално треба да биде избран за градоначалник, само ќе ја засили неговата популарност.

Оставката на Едуар Филип беше очекувана и најавувана. Неговите амбиции, по три години поминати како премиер на Франција, според многумина аналитичари, нема да останат само на нормандискиот град, а некои веќе го гледаат и како кандидат за Елисесјката палата во 2022 година. Иако блиски соработници на Едуар Филип неодамна изјавија дека тој не е заинтересиран за такво нешто.

Стефан Сежурне, европратеник од редовите на Републиката во Марш и поранешен советник на Макрон, тврди дека Едуар Филип „ќе остане еден од столбовите на претседателското мнозинство“.

Ако Филип беше следбеник на Алан Жупе, Жан Кастекс на возраст од 55 години е саркозист. Тој е високорангиран француски функционер, неговата последната функција е раководење со излегувањето од мерките на изолација воведени со епидемијата на Ковид-19. Жан Кастекс, ја има таа предностшто поседува и технички и политички знаења. Тој завршил студии на ЕНА (Националната школа за администрација). Работел во Судот за ревизори, бил заменик секретар на претседателството на Републиката помеѓу 2011 и 2012 година, кога Никола Саркози беше претседател. Тој беше реизбран за градоначалник во Прадес (Источните Пиринеи) со 75,7 отсто од гласовите во првиот круг на општинските избори на 15 март.

Составот на владата ќе биде познат во текот на денот.

А меѓу најострите реакции за одлуката на претседателот Макрон е таа на националниот генерален секретар на Европа Екологија Зелени, (голем победници на општинските избори) Жулиан Бају, кој изјави: Имам впечаток дека мандатот (на Макрон) е завршен и дека претседателот прави напори да создаде пена наместо содржина.

Жулиан Бају не гледа промена на правецот кој ќе ги наведе да ја поддржат оваа ориентација, кога целта на Зелените е да го сменат претседателот во 2022 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2020 16:07