Светската здравствена организација ги повика државите најпогодени од пандемијата на коронавирусот да „се разбудат и да започнат борба, бидејќи бројките не лажат“.

„Навистина е време државите да ги разгледаат бројките. Ве молиме, не занемарувајте го тоа. СЗО разбира дека има многу добри причини за земјите кои сакаат да ги вратат своите економии на вистинскиот пат, но вие не смеете да го игнорирате проблемот, тој нема да исчезне. Ние мора да ја започнеме битката сега. Мора да го запреме вирусот сега “, изјави Мајкл Рајан шеф за вонредни ситуации во СЗО.

Тој истакна дека земјите се соочуваат со тежок избор, но тие мора целосно „да ги кршат синџирите за пренесување на инфекцијата, вклучително и со усвојување мерки за изолација доколку нема алтернативи“.

Во светот веќе има над 11 милиони луѓе заразени со новиот коронавирус.Според СЗО, случаите на заразени со Ковид-10 се над двапати повеќе од случаите од обичен грип годишно.

Повеќе од 520.000 луѓе починаа од Ковид-19, и речиси една четвртина од смртните случаи се во САД (129.000).



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2020 23:32