Француската авиокомпанија „Ер Франс“ и нејзиниот регионален огранок Хоп вечерва објавија дека укинуваат 7.500 работни места, бидејќи повеќето летови се прекинати поради пандемијата на коронавирусот.

Активисти од неколку синдикати протестираа пред седиштето на „Ер Франс“ на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз, за ​​време на денешните преговори за работни места во француската национална авиокомпанија.

Синдикатите се хмевни затоа што француската Влада не побара од „Ер Франс“ да ги заштити работните места кога во мај доби државна помош од седум милијарди евра.

Работниците предупредуваа дека намалувањето на работните места ќе влијае на француската економија и изјавија дека државната помош треба да се искористи за обнова на компанијата наместо да се туркаат луѓето во невработеност.

По целодневните преговори со претставниците на вработените, раководството на компанијата објави дека до 2022 година ќе скрати околу 6.500 од 41.000 работни места во „Ер Франс“ и 1.000 од 2.400 во Хоп.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2020 23:33