Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка во Формула 1 за Големата награда на Австрија. Тој беше најбрз во денешните квалификации на патеката „Ред Бул“.

Клупскиот партнер на Ботас, Луис Хамилтон, го освои второто место, додека Макс Верстапен од Ред Бул се избори за третата стартна позиција.

Дури од 11. место ќе тргне пилотот на Ферари, Себастијан Фетел. Пред него се и Норис, Албон, Перез, Леклер, Саинс, Строл и Рикардо.

Главната трка е закажана за утре (5 јули) со почеток во 15:10 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2020 17:53