Шест од дваесетте пилоти во Формула 1 пред почетокот на австриското Гран-при одбија да клекнат на едно колено. Сите возачи излегоа на почетното место на патеката „Ред Бул“ во маички со пароли „Крај на расизмот“ и „Црните животи се важни“ како дел од акцијата насочена кон борба против расната нееднаквост.

Сепак, сите не решија да клекнат, што е гест на ова движење.

Не клекнаа: Шарл Леклер (Ферари, Монако), Макс Верстапен (Ред Бул, Холандија), Карлос Саинс (Мекларен, Шпанија), Кими Раиконен (Алфа Ромео, Финска), Антонио Џовинаци (Алфа Ромео, Италија) и Данил Квајт (Алфа Таури, Русија).



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2020 23:00