Пилотот на мерцедесот Луис Хамилтон ја коментираше постапката на тркачите во Формула 1 против расизмот, пред стартот на австриското Гран при. Четиринаесет од вкупно дваесетте тркачи клекнаа.

Сите до почетното место дојдоа во маици со натписи „Крај на расизмот“.

– На крајот на краиштата, никој не смее да биде присилен во сценарио во кое треба да клекне. Никогаш не прашав, а помалку барав некој да го стори тоа. Јас сум навистина благодарен на оние што клекнаа со мене. Мислам дека ова е сè уште моќна порака, но нема да го промени светот без разлика дали сте клекнале или не. Проблемот е многу поголем, истакна Хамилтон.

Тој е единствениот со темна боја на кожата од сегашните пилоти во Формула 1.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2020 11:33