Возач на автобус во Франција доживеа мозочна смрт откако бил нападнат затоа што не дозволувал луѓе без заштитни маски да влезат во возилото.

Според Би Би Си, четири лица, од кои никој не носеле маска ниту имал билет, го претепале 59-годишниот возач во градот Бајон.

Според полицаец од тој град, еден од напаѓачите е уапсен.

Откако многу возачи на автобуси одбија да работат во знак на протест поради нападот, регионалниот сообраќај беше во прекин.

Маските се задолжителни во јавниот превоз во Франција.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2020 15:27