Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, во екот на кампањата пред вториот круг од претседателските избори, што се закажани на 12 јули, поднесе до Сејмот предлог за измана на Уствот, со кој ќе се забрани лицата од ист пол да посвојуваат деца.

Може да се посвои само малолетно лице и тоа само за нејзино добро, а може да посвои исклучително брачна двојка, која според Уставот е дефинирана како врска помеѓу жена и маж. Малолетник не може да биде посвоен од лице кое живее во заедница со лице од ист пол, истакна Дуда образлагајќи го уставниот амандман.

Доколку две третини од пратениците и сенаторите би ги изгласале уставните измени, судовите и надлежните органи би биле должни да проверуваат дали некој кој сака да посвои дете како поединец, да не е во врска со лице од ист пол.

Дуда, кој во вториот круг од претседателските избори влезе како кандидат на владејачката конзервативна парија Право и правда, и во кампањата се претставуваше како заштитник на Полјаците од ЛГБТ. Тој истакна дека сексуалните малцинства не се луѓе туку идеологија, која е полоша од болшевичката.

Актуелниот полски претседател се обидува да го претстави својот политички опонент од либералната Граѓанска платформа, градоначалникот на Варшава, Рафал Тшасковски како неморален кој ќе им овозможи на истополвите бракови да посвојуваат деца.

Тшасковски истакна дека Дуда, со иницијативата и нападите врз ЛГБТ лицата, се обидува даго сврти вниманието од правите проблеми на Полјаците, што Владата не ги решава, како и од другите афери на конзервативната десница.

Дуда во првиот круг освои 43,5 проценти од гласовите, а Тшасковски – 30,46 отсто. Според досегашни анкети, вториот круг е целосно неизвесен.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2020 16:42