Макс Верстапен, Антонио Џовинаци, Данил Квјат, Карлос Саинц Џуниор, Шарл Леклер и Кими Раиконен – ​​тоа се возачите на Формула 1 кои не клекнаа пред почетокот на трката за ГН на Австрија, за време на интонирање на австриската химна, иако носеа маички со порака да се запре со расизмот.

Под притисок на јавноста, Леклер и Верстапен објаснија зошто стоеле додека 13 од нивните колеги биле на колена.

– Верувам дека важните факти се нашето однесување во секојдневниот живот, а не формалните гестови, што може да се смета за контроверзно во некои земји. Нема да клекнам, но тоа не значи дека сум помалку посветен од другите во борбата против расизмот, напиша Леклер.

Својата позиција ја кажа и младиот пилот на Ред Бул.

– Јас сум крајно посветен на еднаквоста и борбата против расизмот, но исто така верувам дека секој има право да се изрази на начин што им одговара. Јас нема да клекнам, но го почитувам и го поддржувам личниот избор на секој возач, додаде Ферстапен.

Луис Хамилтон, шампионот и единствениот црнокож возач во Формула 1, имаше оправдување.

– Никој не смее да биде принуден да клекне. Јас не прашав или молев некого да го стори тоа. Навистина сум им благодарен на сите што го сторија тоа. Мислам дека ова беше уште една моќна порака, а тоа дали сте клекнале или не, нема да го промени светот. Проблемот е многу поголем, рече Хамилтон.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2020 16:49