Медицинските сестри и техничари од државните болници во Зимбабве денеска излегоа на протест, барајќи нивните плати да им бидат исплаќани во американски долари место во локалната валута заради огромната инфлација во земјата, а во го главниот град Хараре беа уапсени 12 демонстранти, соопшти синдикатот.

Една медицинска сестра во изјава за британските медиуми кажа дека со месечна плата од само 47 долари не може да се прехрани себе си и нејзините четири деца и не може психички да биде подготвена да се грижи за болните.

Здравствените работници, исто така, соопштија дека ветеното покачување на платите не било исплатено со нивните јунски плати.

Стапката на инфлација во Зимбабве достигна речиси 800 проценти, потсетувајќи ги луѓето од оваа земја за периодот од пред десет години, кога хиперинфлацијата ги девалвираше сите нивни приходи и заштеди, поради што тамошните власти одлучија зимбавеанскиот да го заменат со американскиот долар како официјална валута.

По една деценија од лани зимбабвеанскиот долар повторно беше воведен во финанските текови на земјата, но со огромна брзина загуби на вредноста, по што цените на стоките и услугите станаа недостапни за многумина, што е особен проблем во ситуација кога во земјата се зголемува бројот на случаи сп Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2020 21:45