Роџер Федерер вели дека му недостасува Вимблдон откако сезоната на трева беше откажана, но се надева дека ќе учествува на Гренд-слем турнирот во 2021 година. 38-годишниот Швајцарец, кој беше подложен на две операции на коленото оваа година, веќе најави дека нема да игра повторно до крајот на 2020 година. Оваа недела требаше да биде втората на „Ол Ингланд“ клубот, каде 20-кратнот шампион има осум титули на „светата трева“, но турнирот беше откажан за прв пат во мирни времиња, поради пандемијата на коронавирус.

– За мене лично, крајно задоволувачки е да останам на исто место толку долго, не сум го доживеал тоа повеќе од 25 години.Но, секако, ми недостасува Вимблдон, секако дека би сакал да бидам таму и да играм на Централниот терен за место во втората недела. Една од моите големи цели, поради што сега се опоравувам и толку напорно работам, и се подготвувам за 20-неделна тренинг сесија, е затоа што се надевам дека ќе учествувам на Вимблдон следната година, рече тој.

Маестро додаде дека пандемијата на коронавирус му дозволила да се опорави од операцијата, но истакна дека морал да биде трпелив пред да се врати на теренот.

– Во комбинација со моите операции, ова беше важен момент за мене (да знам) дали сакам да продолжам. Лесно е да се каже, но имам долг пат, морам да бидам трпелив. Бевме во планините, изолирани, без да видиме никој. Не ги видов моите родители околу три месеци, бевме многу сериозни и строги, заклучи тој.

АТП и ВТА ќе бидат обновени во август, иако неколку тенисери веќе објавија дека се заразени со коронавирус.

УС Опен ќе биде првиот Гренд-слем турнир, откако започнува зад затворени врати во Њујорк на 31 август, пред почетокот на „Ролан Гарос“, кој ќе има навивачи на 24 септември.

Швајцарската sвезда се надева дека ќе го зграби олимпиското злато во синглови за прв пат во својата кариера на Игрите во Токио следната година – финалето на тенискиот натпревар во јапонската престолнина ќе се случи една недела пред Федерер да наполни 40 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2020 00:27