Како што се очекуваше, од Рено официјално го најавија враќањето на Фернандо Алонсо во Формула 1.

Тимот не го прецизираше рокот на договорот на Шпанецот, кој ќе наполни 39 години на крајот на месецот, најавувајќи дека е за неколку сезони. Според шпанските медиуми, договорот е за 2 години со опција за уште една.

Двократниот светски шампион го заменува Даниел Рикардо од 2021 година и ќе се здружи со младиот Естебан Окон во обид да го врати тимот во челото.

– Голема гордост и емоција за мене е повторно да бидам дел од тимот, што ми даде шанса да победувам, а сега ми помага да бидам повторно на највисоко ниво. Рено сака да биде на подиумот, исто како и јас. Ова е моето семејство, рече Фернандо.

Шпанецот вели дека негова желба е да му помогне на Рено да ги постигне своите цели.

Алонсо ги освои двете титули со францускиот тим во 2005 и 2006 година, а се очекува да биде во болидот по 41-годишна возраст.

– Потпишувањето со Фернандо Алонсо е дел од нашиот план да продолжиме да се развиваме и да се вратиме во челото на колоната. Ова е логичен избор и со неговата посветеност и искуство тој ќе ни помогне да се движиме напред, рече тимскиот шеф Силил Абитбул.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2020 01:26