Трката од Мото ГП во Остин (САД) е откажана поради коронавирус, соопшти прес-службата на натпреварувањето.

Првично, трката требаше да се одржи на 5 април и со неа да се отвори сезоната 2020 година, но беше решено да се одложи до 15 ноември.

Оваа недела организаторите објавија дека следната трка во Мото ГП на патеката „Траса Америка“ ќе се одржи во април 2021 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2020 12:05