„Макпрогрес“ Виница разви нова линија за производство на барови со што компанијата ја надополнува палетата на производи.

Од компанијата информираат дека за потребите на новата линија се вработени 15 нови работници, а во следниот период планирани се уште 30.

– Новиот производ „Баланс“ житните барови се високо квалитетен производ произведен од внимателно селектирани суровини како интегрален овес, ориз и пченка, интегрални колачиња кои се произведуваат од интегрално брашно и интегрален овес, како и додатоци на крем, чоколадо и сушено овошје. Во моментот на пазарот лансираме три вкуса и тоа бел крем, чоколадо и сушено црвено овошје, а се со цел да ги задоволиме потребите и барањата дури и на најпребирливите потрошувачи. Еден бар има само 89 калории, доволен за целосна ужинка. Баровите се нудат во две варијанти во поединечно пакување од 23 грама, како и комбо пакување од 5 барови по 23 грама, велат од Макпрогрес.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2020 12:54