Екипата на Вардар 1961 попладнево презентираше две засилувања за новата сезона.
Двајца репрезентативци на Македонија во новата сезона ќе го носат „црвено-црниот“ дрес на македонскиот ракометен шампион.
Се работи за десното крило, Гоце Георгиевски, кој потпиша договор до 2022 година и левиот бек, Филип Талески, чија соработка ќе трае една година.
Последните три сезони десното крило Георгиевски ги мина во редовите на ЧСМ Букурешт во Романија, додека Талески од бундеслигашот Балинген.