Продажните цени на производителите на индустриски производи, во мај годинава се пониски за 0,1 отсто на месечно ниво, а за 0,2 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во мај 2020, во споредба со април 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2,4 отсто, во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0,2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација остануваат непроменети.

Во мај 2020, во споредба со мај 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 16,1 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,2 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1,5 отсто.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво, а се пониски за 0,4 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци во мај 2020, во споредба со април 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3,4 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0,2 отсто.

Во мај 2020, во споредба со мај 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 25 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1,9 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2020 15:02