Макс Верстапен го забележа најдобро време во втората слободна тренинг сесија пред Гран-при на Штаерска во недела.

Со тоа, возачот на Ред Бул обезбеди потенцијална пол-позиција за трката в недела, бидејќи под знак прашалник е спроведувањето на третиот тренинг и квалификациите, заради планираните грмотевици утре над „Ред Бул Ринг“.

Можно е и преместување на квалификациската сесија за недела наутро, но се чини дека е малку веројатно поради зафатениот распоред на австриската патека.

Втор по Верстапен заврши минатонеделниот победник на Гран-при на Австрија, Валтери Ботас, кој заостануваше само 43 илјадити делови од секундата зад лидерот. Првите три ги комплетираше Серхио Перез, а доброто темпо на Рејсинг Поинт го потврди неговиот соиграч Ленс Строл, кој остана на четвртото место.

Шесткратниот светски шампион Луис Хамилтон остана шести, додека возачите на Ферари – Шарл леклер и Себастијан Фетел останаа деветти и 16-ти, соодветно.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2020 23:03