Хрватскиот тенисер, Борна Чориќ објави дека е негативен на последниот тест за коронавирус.

Тој беше еден од заразените учесници на „Адрија тур“.

Чориќ објави дека повеќе го нема вирусот.

– Среќен сум што сум повторно на теренот, убаво е чувството повторно да бидам надвор, рече Чориќ.

Хрватот се тестираше позитивно во Задар, по откажувањето на турнирот.

Чориќ претходно играше против Григор Димитров, кој беше првиот што објави дека е заразен со вирусот.

Тој истакна дека немал никакви симптоми за време на изолацијата и дека се чувствува добро.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2020 14:44