Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон извози најбрз круг на денешните квалификации за утрешната трка во Формула 1 на патекта „Ред Бул ринг“.

Британецот најдобро се снајде на дождливата патека во квалификациите кои доцнеа педесетина минути поради лошите услови.

Зад Хамилтон беше Макс Верстапен од Ред Бул, додека од вториот стартен ред ќе тргнат Карлос Саинц од Мекларен и Валтери Ботас од Мерцедес.

Од петтата до десеттата позиција се пласираа: Естебан Окон од Рено, Ландо Норис од Мекларен, Александар Албон од Ред Бул, Пјер Гасли од Алфа Таури, Даниел Рикиардо од Рено и Себастијан Фетел од Ферари.

Почетокот на утрешната трка која е втора оваа сезона е предвиден за 15:10 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2020 22:30