Постои непишано правило да оној кој што нас ни се допаѓа и со кој што сакаме да започнеме љубовна приказна, не сака да биде со нас.

“Штом нас некој не ни ја возвраќа љубовта и очигледно нас не не сака, ние почнуваме да чуствуваме длабока поврзаност со него” тврди антропологот Хелен Фишер.

Во тој случај најпаметно е да не размислуваме за особата која што не е заинтересирана за нас или едноставно да се повлечеме, но често се случува спротивното. Тогаш се опседнуваме со таа особа и правиме се за да ја освоиме.

“Во тој момент во мозокот се активира делот за надградување и вие осеќате поголема енергија, силен фокус, интензивна мотивација и спремни сте да ризикувате се само за да ја освоите таа особа, затоа што ја доживувате како животна награда. Опседнати сте да го освоите срцето на рамнодушната особа”, вели Фишер.

Тој посочува дека не значи дека ќе бидеме среќни доколку ја освоиме таа особа, во таквите случаеви не размислуваме за суштината, туку само како да освоиме неосвојлива тврдина. Целосно сме заслепени и од кога ќе помине одредено време, можеме да видиме во каква заблуда сме биле, вели Фишер.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2020 03:25