Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер кажа што би можело да го натера да ја заврши играчката кариера.

– Ако почнам да губам во второто коло секоја недела, тогаш ќе разберам дека времето ми заврши, изјави Федерер.

Тенисерот ќе го пропушти остатокот од сезоната оваа година од здравствени причини.

– Сè уште сум жеден за победи, среќен сум и полн со мотивација. Сакам да си ги одмерам силите со најдобрите на големите турнири, како и минатата година на „Вимблдон“. Ми требаат вакви моменти, додаде Федерер.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2020 16:57