Пилотот на Ферари, Шарл Леклер му се извини на тимскиот колега Себастијан Фетел за денешниот инцидент во трката од Формула 1 шампионатот во Австрија.

– Разочаран сум од себеси. Не можам да опишам со зборови колку е срамно. Направив недопустива грешка. Ја уништив седумдневната напорна работа на целиот тим. Бев нестрплив во желбата да напредувам од самиот почеток. Ќе ја научам лекцијата од оваа грешка, стои во извинувањето на Леклер.

По судирот во првиот круг, двајцата пилоти на Ферари беа принудени предвремено да ја завршат трката.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2020 17:23