Околу 5.000 приговори се прифатени за домашната платежна картичкатежна картичка од категоријата Млади лица – средношколци и студенти од 16 до 29 години, соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска на својот ФБ профил.

Таа најавува дека во текот на денов овие лица ќе бидат додадени на листата на kupuvandomasno.gov.mk и нивните платежни картички ќе почнат да се печатат.

-Проверка на сите поднесени приговори од оваа категорија граѓани ја врши Министерството за образование и наука, а во текот на следните неколку денови очекуваме да ја финализираат проверката за евентуално дополнителни прифатени приговори, наведува министерката.

Како што додава, заедно со претходно усвоените приговори, досега се прифатени вкупно 7.000 приговори.

-До крајот на неделата треба да се завршат сите проверки на сите приговори вклучително и проверките од УЈП, МТСП, АВРМ и ФЗОМ со што ќе се затворат сите поднесени приговори и ќе информираме за вкупната конечна бројка на прифатени приговори. Сите кои ги исполнуваат условите ќе добијат домашна платежна картичка, истакнува министерката во објавата на ФБ.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2020 12:01