„Матица македонска“ објави ново издание од книгата „Разговори со Конески“ од Цане Андреевски, кои авторот ги водел од 1985 до 1990 година.

-На страниците од ова дело големиот македонски поет и кодификатор на македонскиот литературен јазик говори за суштествени теми од нашата национална и книжевна традиција, како и за современите процеси во втората половина на 20 век. Според Цане Андреевски, овие разговори со Конески, една од меѓните културно-национални личности на современата македонска историја, во еден следствен опфат нудат извонредни страници на откривање, на провокација, на естетска наслада, на љубопитна реценција, на мноштво лични опсервации и сведоштва кои што веќе и во историска смисла се неопходни како приопштување и како дополна на огромниот книжевен, научен и животен опит на самиот Конески, соопшти издавачот.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2020 12:19