Поранешниот светски рекет број еден Енди Родик одговори кои тројца тенисери би ги сместил во Куќа на славните.

– Првиот е Артур Еш. Непотребно е да кажам поради што. Не добив шанса да го запознаам Артур и би било убаво да играм со некој на кој му се восхитувам. Значи, првиот, се разбира, е Артур.

Исто така, веројатно Род Лејвер. Го запознав во 2017 година на настани пред мојата промоција во „Куќата на славните тенисери“. Не сум сретнал поскромен човек кој постигнал вакви успеси како Род Лејвер.

Знам дека Серена сè уште не влезе во Домот на славните, но прашање е на време кога ќе се случи тоа. Со задоволство би ја вклучил на овој список, истакна Родик.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2020 15:36