Денес во просториите на РФМ се одржа извлекувањето на групите за натпреварувачка сезона 2020/2021 за Супер Лига – Мажи.
Екипите на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер поради настапот во Лигата на шампиони и СЕХА лигата се ослободени од првиот дел од сезоната и ќе се приклучат во плеј-офот.
Заедно со нив таму ќе учествуваат и најдобрите три екипи од секоја група.
Група А:
РК Струга РК Јуниор К.В. РК Астраион Хендбол Голден Арт – КЛ7 ГРК Охрид РК Радовиш РК Пролет 62
Група Б:
РК Прилеп РК Металург РК Работнички РК Младост Богданци ГРК Тиквеш 2014 РК Бутел Скопје РК Еурофарм Пелистер 2
Сезоната ќе почне со натпреварите од 1. коло кое е закажано за 12 и 13 септември.
Двојките се:
Група А
Јуниор Кисела Вода – Пролет 62 Астраион – Радовиш Голден Арт КЛ7 – Охрид Струга е слободна.
Група Б
Металург – Еурофарм Пелистер 2 Работнички – Бутел Младост – Тиквеш Прилеп е слободен.