Франција не е во втор бран на коронавирусот, но не треба да попуштиме во напорите ако сакаме да го избегнеме, изјави францускиот министер за здравство Оливие Веран, јави дописникот на МИА.

– Се појавуваат кластери, има неколку алармантни сигнали од некои болници со тенденција на зголемување на бројот на хоспитализирани лица и ние правиме многу тестови, изјави Оливие Веран.

Тој притоа појасни дека сега има „зголемување на позитивните тестови, посебно кај младите.

Во изминатите 24 часа во Франција се регистрирани 14 нови смртни случаи, но бројот на пациенти на реанимација продолжува да се намалува.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2020 22:04