Поради ситуацијата со коронавирусот и зголеминиот број туристи во Охрид, организаторите решија да го одложат 41.Илинденскиот мал пливачки маратон.
Според последните информации, маратонот нема да се одржи во предвидениот реводен термин на 2 август, туку во некој од наредните викенди. Точниот термин за одржување ќе биде дополнително соопштен.
Организатор на традиционалниот спортски настан е пливачкиот клуб „Охридски бранови“, а покровител е градоначалникот Константин Георгиески, односно Општина Охрид.
Претходно, Пливачката федерација ја откажа организацијата на Големиот пливачки маратон кој воопшто нема да се одржи оваа година поради КОВИД кризата. Откажана е и 10-километарската трка од светската серија на ФИНА.