Австралиецот Ник Кириос одби да учествува на УС Опен, кој започнува кон крајот на август.
Поранешниот бр.13 на ранг-листата на АТП направи видео обраќање во кое ја објасни својата одлука да не игра на Гренд-слем турнирот во Њујорк поради ризикот од инфекција со Ковид-19.
Претходно оваа недела Ешли Барти, исто така од Австралија, лидер во рангот кај жените во светот, објави дека нема да игра на „Флешинг Медоус“ заради пандемијата и ширењето на коронавирусот.